Клиентите закажуваат сами. Ти работиш.

Платформа за закажување термини и веб-страни за фризери, козметичари, ординации и други локални бизниси. Не ти треба сервер, хостинг ни домејн. Ние го средуваме сето тоа.

  • Твоја адреса: tvojafirma.llc.mk
  • Клиентот закажува без налог, само со име и телефон
  • Известувања за секој нов термин
С
Салон СараФризерски салон, пример
Услуга
Ден
Слободни термини
✓

Терминот е закажан

Ова е пример. Клиентите го гледаат истото на твојата адреса.

Што добиваш

Земи го она што ти треба. Може и двете заедно.

Закажување термини

од $15 месечно

Клиентите избираат услуга, мајстор и време кога им одговара. Ти ги гледаш сите термини во еден панел.

Погледни цени

Веб-страна

од $10 месечно

Готова професионална страна за твојот бизнис. Избираш изглед и бои, а текстовите и сликите ги менуваш директно на страната.

Погледни дизајни

Закажување во твојот сајт

цена по договор

Веќе имаш сајт? Ние го вградуваме закажувањето во него. Прво го гледаме сајтот, па се договараме за цена.

Како функционира

Сервер. Хостинг. Домејн. Ништо од тоа не ти треба.

Своја адреса

Добиваш tvojafirma.llc.mk. Ја даваш на клиентите, ја ставаш на Instagram и Facebook.

Хостинг и сервер

Сè работи кај нас. Не плаќаш посебно и не се грижиш дали сајтот е достапен.

Безбедна врска

Страната се отвора преку https, со катанче во прелистувачот.

Уредуваш сам

Услуги, цени, работно време, текстови, слики и бои. Без програмер и без чекање.

Ажурирања

Новите функции ги добиваш автоматски. Ништо не инсталираш.

Закажување на телефон

Страната е направена за телефон, од каде што клиентите и закажуваат најчесто.

Како изгледа закажувањето

Едноставно за клиентот. Прегледно за тебе.

Клиентот

  1. Ја отвора твојата адреса

    Од линк, Instagram, Google или од каталогот на termin.llc.mk.

  2. Избира услуга и мајстор

    Гледа колку трае и колку чини услугата. Може да избере „првиот слободен“.

  3. Избира ден и час

    Ги гледа само слободните термини. Зафатените не се прикажуваат.

  4. Внесува име и телефон

    Нема налог и нема лозинка. Терминот е закажан за неколку секунди.

Ти

  • Панел со сите термини. Гледаш кој, кога и за која услуга е закажан.
  • Вработени и работно време. Секој мајстор има свои денови и часови. Закажувања надвор од нив не се можни.
  • Нема двојни термини. Системот не дозволува два клиента во ист час кај ист мајстор.
  • Известување за секој нов термин. По е-пошта, а со повисоките нивоа и преку Viber или SMS.
  • Откажување со линк. Клиентот може сам да го откаже терминот, а часот се ослободува.

Цени

Плаќаш месечно. Хостингот, адресата и безбедната врска се во цената.

Основно

Закажување со известувања по е-пошта.
$15/ месечно
 
  • Онлајн закажување 24 часа
  • Вработени, услуги и работно време
  • Панел со сите термини
  • Потврда и откажување по е-пошта
  • Своја адреса tvojafirma.llc.mk
Започни

Со Viber

Ти и клиентите добивате пораки на Viber.
$25/ месечно
 
  • Сè од Основно
  • Viber потврда за секој термин
  • Потсетници пред терминот
  • Дневна агенда на Viber
Побарај активација

Со SMS

Пораки што стигнуваат и без Viber.
$40/ месечно
 
  • Сè од Viber
  • SMS потврда и потсетници до клиентите
  • Клиентите не треба да имаат Viber
Побарај активација

Годишно плаќање: два месеци бесплатно. Viber и SMS ги вклучуваме на барање, по договор со тебе.

Веќе имаш сајт? Додај закажување на него.

Не мораш да правиш нов сајт. Ние го вградуваме системот за закажување во сајтот што го имаш, па клиентите закажуваат без да го напуштат.

  1. Прво го гледаме сајтот

    Со што е направен и каде најдобро стои копчето за закажување. Заедно одлучуваме како ќе се вгради.

  2. Договараме цена

    По прегледот добиваш јасна цена. Ништо не започнува пред да се согласиш.

  3. Ние го вградуваме

    Го поставуваме и го тестираме. Ти добиваш панел за термини и вработени.

Чести прашања

Дали ми треба домејн, хостинг или сервер?

Не. Адресата tvojafirma.llc.mk, хостингот и безбедната врска се дел од цената. Ти ништо не купуваш и не инсталираш.

Кој го прави веб-сајтот?

Ние. Ти избираш еден од 80 готови дизајни, бои и ни кажуваш што да пишува, а ние го изработуваме и објавуваме. Зависно од верзијата, промените ги правиме ние, а можеш и сам да менуваш информации. За сајт по мерка, го градиме од нула според договорот.

Дали клиентите мора да имаат налог?

Не. За закажување внесуваат само име и телефонски број.

Што ако клиент не може да дојде?

Може сам да го откаже терминот преку линк, а часот повторно станува слободен.

Како почнувам?

Се регистрираш, ги внесуваш услугите и вработените и плаќаш. Потоа твојата адреса е активна и клиентите можат да закажуваат.

Може ли да откажам?

Да. Условите ги најдуваш на страната за рефундација.

Имаш прашање?

Напиши ни и ќе ти одговориме по е-пошта.