Последно ажурирано: 05.10.2026
llc.mk е платформа за закажување термини и изработка на веб-сајтови, во сопственост и управувана од Криптo Револуција ДООЕЛ, Македонија. За прашања поврзани со приватноста, контактирај нѐ на contact@llc.mk.
Од сопствениците на бизниси (наши клиенти): име на фирма, е-мejл, телефон, адреса, податоци за вработени, лозинка (хеширана), и податоци поврзани со плаќање (обработени преку Stripe — ние не ги чуваме броевите на картички).
Од клиентите што закажуваат термин: име, презиме (опционо), телефонски број, е-мejл (опционо) — само за целите на самото закажување и известување.
Автоматски: IP адреса (за спречување злоупотреба на системот за закажување), основни технички логови на серверот.
Не ги продаваме и не ги изнајмуваме твоите податоци. Ги споделуваме само со сервиси неопходни за работа на платформата: Stripe (плаќања), BulkGate (Viber/SMS известувања), и нашиот мejл сервер за е-пошта. Секој од овие сервиси има сопствена политика на приватност.
Податоците на активни бизниси се чуваат додека претплатата е активна. По откажување, податоците се чуваат уште 90 дена (за евентуално повторно активирање) па потоа се бришат, освен ако законот не бара подолго чување (пр. финансиски записи).
Имаш право да бараш пристап, исправка или бришење на твоите податоци во секое време, со контактирање на contact@llc.mk.
Користиме само технички неопходни колачиња (сесија за најава). Не користиме реклами ниту следење за маркетинг цели.
Оваа политика може да се ажурира повремено. Значителни промени ќе бидат објавени на оваа страница.