Платформа за закажување термини и веб-страни за фризери, козметичари, ординации и други локални бизниси. Не ти треба сервер, хостинг ни домејн. Ние го средуваме сето тоа.
Ова е пример. Клиентите го гледаат истото на твојата адреса.
Земи го она што ти треба. Може и двете заедно.
Клиентите избираат услуга, мајстор и време кога им одговара. Ти ги гледаш сите термини во еден панел.
Погледни цениГотова професионална страна за твојот бизнис. Избираш изглед и бои, а текстовите и сликите ги менуваш директно на страната.
Погледни дизајниВеќе имаш сајт? Ние го вградуваме закажувањето во него. Прво го гледаме сајтот, па се договараме за цена.
Како функционираСервер. Хостинг. Домејн. Ништо од тоа не ти треба.
Добиваш tvojafirma.llc.mk. Ја даваш на клиентите, ја ставаш на Instagram и Facebook.
Сè работи кај нас. Не плаќаш посебно и не се грижиш дали сајтот е достапен.
Страната се отвора преку https, со катанче во прелистувачот.
Услуги, цени, работно време, текстови, слики и бои. Без програмер и без чекање.
Новите функции ги добиваш автоматски. Ништо не инсталираш.
Страната е направена за телефон, од каде што клиентите и закажуваат најчесто.
Едноставно за клиентот. Прегледно за тебе.
Од линк, Instagram, Google или од каталогот на termin.llc.mk.
Гледа колку трае и колку чини услугата. Може да избере „првиот слободен“.
Ги гледа само слободните термини. Зафатените не се прикажуваат.
Нема налог и нема лозинка. Терминот е закажан за неколку секунди.
Плаќаш месечно. Хостингот, адресата и безбедната врска се во цената.
Годишно плаќање: два месеци бесплатно. Viber и SMS ги вклучуваме на барање, по договор со тебе.
Ние го дизајнираме и го поставуваме сајтот. Ти избираш еден од 80 дизајни (традиционални, модерни, футуристички и креативни), бои и што да пишува на него.
Сакаш и закажување на страната? Страната добива копче „Закажи термин“ што отвора прозорец за закажување. Регистрирај се за двете или побарај понуда за пакет.
Не мораш да правиш нов сајт. Ние го вградуваме системот за закажување во сајтот што го имаш, па клиентите закажуваат без да го напуштат.
Со што е направен и каде најдобро стои копчето за закажување. Заедно одлучуваме како ќе се вгради.
По прегледот добиваш јасна цена. Ништо не започнува пред да се согласиш.
Го поставуваме и го тестираме. Ти добиваш панел за термини и вработени.
Не. Адресата tvojafirma.llc.mk, хостингот и безбедната врска се дел од цената. Ти ништо не купуваш и не инсталираш.
Ние. Ти избираш еден од 80 готови дизајни, бои и ни кажуваш што да пишува, а ние го изработуваме и објавуваме. Зависно од верзијата, промените ги правиме ние, а можеш и сам да менуваш информации. За сајт по мерка, го градиме од нула според договорот.
Не. За закажување внесуваат само име и телефонски број.
Може сам да го откаже терминот преку линк, а часот повторно станува слободен.
Се регистрираш, ги внесуваш услугите и вработените и плаќаш. Потоа твојата адреса е активна и клиентите можат да закажуваат.
Да. Условите ги најдуваш на страната за рефундација.
Напиши ни и ќе ти одговориме по е-пошта.